ВИДЕО Авион кој пристигнал од Македонија направи хаос на аеродромот во Белград

Патниците на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград биле симнати од авионите со кои требало да летаат во попладневните часови, а сите останати биле испратени на вонредна контрола, јавуваат читатели на 4NEWS.mk.

„Во моментов на аеродромот во Белград се случува хаос. Сите летови од 17:00 часот се евакуирани, дури и патниците кои биле во авионот. Сите бевме вратени на безбедносна контрола и во моментов илјадници патници се заробени во транзитниот дел“, изјави за N1 еден од патниците Игор Лекиќ.

Тој додаде дека неофицијална можна причина за ваквата состојба е тоа што некој од земји кои не се членки на Шенген зоната отишол во зградата на аеродромот каде што се „мешал“ со други патници, што не е дозволено.

Исто така, како што наведе, уште една информација што „циркулира“ меѓу патниците е дека е во тек некаква вонредна контрола.

Веќе објавивме дека станува збор за патници кои допатувале од Македонија.

Евакуиран аеродромот во Белград, поради патници кои пристигнале од Македонија

„Поради грешка при следење на редовниот проток на влезни патници од страна на надлежните служби на белградскиот аеродром, Министерството за внатрешни работи на Република Србија попладнево (недела) нареди вонредна проверка на терминалот за поаѓање на белградскиот аеродром Никола Тесла (21 јануари 2024 година).  Како резултат на споменатиот вонреден инспекциски надзор, можно е да има отстапувања во планираниот ред на летање во вечерашниот и утрешниот утрински бран на сообраќајот на Ер Србија. Се очекува некои летови во утринскиот бран да доцнат и до два часа“, се наведува во соопштението.

Посочуваат и дека надлежните служби на Ер Србија во соработка со службите на компанијата Белградски аеродром прават се што е во нивна моќ сообраќајот да се одвива со што помалку отстапувања од планираниот распоред на летови и изразуваат нивното жалење за секоја непријатност и благодарност на патниците за разбирањето.

Од „Ер Србија“ велат дека српската национална авиокомпанија ќе обезбеди услуги за патниците на летовите чие време на поаѓање е одложено за повеќе од два часа, а компанијата ќе ги пренасочи сите оние што ја загубиле врската на алтернативни летови.

За повеќе информации, велат од Ер Србија, од патниците се бара да се јават во Контакт центарот на Ер Србија на 0800 111 528 од Србија, на +381 11 311 21 23 од странство, за да ја посетат веб-страницата airserbia.com или страниците на Ер Србија на социјалните мрежи.