Свет

ВИДЕО Авион принудно слета откако прозорец и страничен ѕид се откорнаа

ВИДЕО Авион принудно слета откако прозорец и страничен ѕид се откорнаа

Американскиот Национален одбор за безбедност на транспортот објави дека го истражува летот на Алјаска ерлајнс откако неговиот Боинг 737 мораше да изврши принудно слетување веднаш по полетувањето од Портланд.

Летот 1282 на Алјаска ерлајнс имаше несреќа по полетувањето, поради што принудно слета. Во авионот имало 174 луѓе и шест членови на екипажот, пренесува Ројтерс.

https://twitter.com/1in1indianews/status/1743482598037618896

Објавите на социјалните мрежи покажаа дека недостасува прозорец и дел од страничниот ѕид на авионот. Засега нема коментар од производителот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни