Свет

ВИДЕО Авион се урна на автопат во Нешвил, се сомнева дека сите загинале

ВИДЕО Авион се урна на автопат во Нешвил, се сомнева дека сите загинале

Неколку лица загинаа во градот Нешвил, во американската сојузна држава Тенеси, кога мал авион се урна во близина на автопат, соопшти полицијата.

Како што се наведува, едномоторниот авион во понеделникот вечерта се урнал на тревна површина во западниот дел на градот, а потоа избил пожар во авионот.

Според полицискиот извештај, во авионот имало неколку лица и се верува дека сите загинале, а точниот број на жртви не е утврден, изјавил портпаролот на полицијата, пренесува АП.

На автопатот нема повредени возачи, а на терен нема оштетени возила или објекти.

Управата на аеродромот во Нешвил соопшти дека Националниот одбор за безбедност на транспортот и Федералната администрација за авијација на САД ќе спроведат истрага за инцидентот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни