Во живо Избори во Србија и Бугарија Вклучувања во живо од Белград и Софија Гледај
Свет

ВИДЕО: Авион слета без тркала и се запали на пистата

ВИДЕО: Авион слета без тркала и се запали на пистата

Авион со 126 луѓе се запалил по слетувањето на аеродромот во Мајами, јавува Sky News.

Предната опрема за слетување на авионот на Ред Ер откажа, а авионот летал од Санто Доминго во Доминиканската Република.

Авионот се лизна по пистата, ја проби комуникациската кула и застана на тревата.

Патниците се евакуирани, а три лица завршиле во болница и се со полесни повреди.

“Мислев дека ќе умрам. До мене имаше старец и го прегрнав. Беше ужасно”, изјавил еден од патниците за Sky News.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио за изборите во Србија и Бугарија со Синиша Пекевски, Игор Бесермењи и Румен Скрински

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни