Свет

ВИДЕО: Авионот излетал од пистата и се запалил при полетување на аеродром во Кина

ВИДЕО: Авионот излетал од пистата и се запалил при полетување на аеродром во Кина

Во Кина е во тек истрага откако патнички авион вчера излетал од пистата и се запалил при полетување на аеродром во југозападниот дел на земјата.

 

Снимките од државните медиуми покажаа дека левата страна на авионот гори и луѓето брзо го напуштаат местото на настанот.

Сите 113 патници и девет членови на екипажот се евакуирани од Ербас А319 на Тибет ерлајнс.

Во евакуацијата се повредени 36 лица. Имаат исчашувања и гребнатини.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни