Неколку лица го загубија животот, а најмалку 17 се повредени кога автобус на два ката удрил во автобуска постојка во Отава, Канада.
Градоначалникот на Отава , Џим Вотсон изјави дека двајца патници во автобусот и едно лице кое чекало на постојката се загинати во ужасната несреќа.
Од болницата во Отава изјавија дека примиле девет пациенти кои биле во критична состојба.

