ВИДЕО: Бебе спасено од утробата на мртвата мајка: Убиени родителите при напад, детето доби симболично име

Сабрина починала пред да го погледне своето бебе во очи или да го држи во раце. Оваа млада мајка била бремена во седми и пол месец.

Поминала низ денови и ноќи на постојан страв, но се надевала дека среќата ќе и послужи на семејството до крајот на војната.

Среќата ја снема во ударот и пламенот на експлозијата еден час пред полноќ на 20 април.

Израелците фрлиле бомба во домот на семејството Ал Сакани во Рафах, каде Сабрина спиела со сопругот и тригодишната ќерка Малак.

Сабрина била тешко ранета, нејзиниот сопруг и ќерката Малак биле убиени, но бебето во стомакот се уште било живо кога спасувачите пристигнале на местото на нападот.

Тие брзо ја префрлиле Сабрина во болница, каде лекарите извршиле итен царски рез.

Не можеле да ја спасат Сабрина, но се обиделе да го оживеат бебето, нежно тапкајќи по нејзините гради за да поттикнат дишење.

Воздухот стигна до нејзините бели дробови.

„Таа е родена со сериозно респираторно пореметување“, рече д-р Мухамед Салама, шеф на итна неонатална единица во болницата „Емирати“ во Рафа.

Но, бебето кое е родено со само 1,4 килограми го преживеа предизвикувачкото породување.

Лекарот на селотејп го напишал „бебето на починатата Сабрина ал Сакани“ и го закачил на телото на детето.

Бебето потоа било префрлено во инкубатор.

„Можеме да кажеме дека има одреден напредок во однос на нејзиното здравје“, вели Салама.

„Но, сепак тоа е ризична ситуација. Овој синдром на нарушување на дишењето предизвика предвремено породување.

„Ова дете сè уште треба да биде во утробата на мајката, но тоа право му беше ускратено“, додава тој.

„Лекарите очекуваат дека тоа ќе остане во болница најмногу уште еден месец. После тоа, ќе видиме кога ќе замине… тука е најголемата трагедија. Нема повеќе родители кои би го именувале детето“, додава докторот..

Нејзината убиена сестра Малак сакала нејзиното име да биде Рух, што на арапски значи душа или дух. Но, таа го доби името Сабрина, во спомен на нејзината мајка.

Преживеаните членови на нејзиното семејство се собраа во болницата, помеѓу раѓањето на нов живот и нивниот гнев и страдање.

Нејзината баба по мајка, Мирват ал Сакани, зборуваше за „неправдата и проклетството“ на она што им се случи на луѓето кои „немаат ништо со ништо“.

„Ќерка ми беше бремена, имаше фетус во стомакот, ќерката беше со неа, со нив беше и мојот син. Мојот син беше разнесен на парчиња и се уште не го најдоа, не го препознаваат. Зошто беа мета? Не знаеме како или зошто. Не знаеме… тие се насочени само кон жени и деца“, вели Мирват ал Сакани.

Вујкото на бебето Сабрина, Рами ал Шеик, вели дека таткото на новороденчето работел со него како фризер.

„Што криеја за да се избрише целото семејство од матичната книга на родените и да преживее само малото девојче?Тие беа обични цивили“, додава тој.

Бабата по татко, Ахалам ал Курди, ветила дека ќе го одгледа детето.

“Таа е мојата љубов и душа. Споменот на нејзиниот татко. Јас ќе се грижам за неа”.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното