ВИДЕО Бомбаш самоубиец нападнал џамија во Нигерија – има мртви

Во напад за кој се сомнева дека го извршил бомбаш-самоубиец врз џамија во нигериската сојузна држава Борно, постојат стравувања дека има повеќе загинати и повредени. Силна експлозија одекнала за време на вечерната молитва во Мајдугури, главниот град на оваа сојузна држава, пишува Би-Би-Си.

Првичните информации говорат за седум загинати

Се вчитува...

Очевидци наведуваат дека експлозијата се случила во момент кога џамијата била полна со верници. Според првичните неофицијални извештаи, загинале најмалку седум лица, но надлежните сè уште немаат излезено со официјална потврда за бројот на жртвите.

Сомнеж кон милитантни групи

Засега ниту една група не ја презела одговорноста за нападот. Сепак, познато е дека милитантни групи во ова подрачје и претходно извршувале самоубиствени напади и напади со импровизирани експлозивни направи, при што чести цели биле токму џамиите и други места со голема концентрација на луѓе.

На социјалните мрежи се појавија непотврдени снимки кои наводно ги прикажуваат последиците од експлозијата. На нив може да се видат луѓе собрани на пазар, додека воздухот е исполнет со честички прашина.