Свет

ВИДЕО: Брод пукна на два дела како да е играчка – загинаа три лица крај турскиот брег

Бродот, наречен Арвин,пукна на два дела и потона во близина на турскиот брег на Црното Море на пат кон Бугарија пред две недели.

Спасувачите, спасиле најмалку шест лица на бродот и извадиле телата на уште две лица.

Синан Гунер, гувернер на Бартин, на северот од Турција, потврди дека починало и трето лице.

Видеото покажува како бродот се бори со високи бранови пред да се слушне силно чкрипење.

Екипажот во паника тогаш остварува итни телефонски повици преку радиото на бродот.

Турската морнарица испрати фрегата да помогне во спасувачките напори, пренесува ABC News.

https://youtu.be/TVe8GwmVrls

Министерството за транспорт соопшти дека на изгубениот брод имало 12 члена на екипажот, двајца Руси и 10 Украинци.

Руската државна агенција за надзор на морската и речната флота објави дека пловниот објект и припаѓа на украинската компанија Арвин Шипинг Дооел.

Преживеани членови на екипажот биле пронајдени во чамци за спасување.

„Бродот Арвин се обиде да се засолни во пристаништето Бартин поради лошите временски услови додека превезуваше товар од Грузија до Бугарија.

„Имаше високи бранови и поради бранови (спасувачки) брод, ние ги упатуваме како да стигнат до брегот“, рече тогаш Гунер.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни