(ВИДЕО) Бројките на загинати во Јоханесбург растат: Најмалку 63 жртви и 43 повредени

Најмалку 63 лица загинаа во пожар во зграда што избувна утринава во Јоханесбург, најголемиот град во Јужна Африка, покажуваат најновите информации на службите за итни случаи. Меѓу загинатите има и бебе.

Повредени се уште 43 лица. Пожарот избувна рано утринава по локално време.

Властите во Јоханесбург велат дека се уште не е јасно што го предизвикало пожарот во големата четирикатница во центарот на градот. Портпаролот на службата за итни случаи Роберт Мулауџи изјави за Би-Би-Си дека пожарникарите успеале да извлечат некои луѓе од зградата.

Тој рече дека пожарот ја уништил зградата и дека потрагата по други жртви продолжува.