„Мислам дека кога сега завршија изборите, по изгубените битки сите се прават генерали, но дел од стратегијата на СДСМ која е градена пред да дојде до меѓусебно договарање или од страна на Заев, како што многупати спомена, заради убавината на демократијата, слободата за која тој придонел да биде во Македонија, дозволи коалиционите партнери, затоа што се локални избори каде што треба да дојде до израз квалитетот на понудените кандидати и програми кои тие ги нудат, да дозволи ЛДП/ДОМ да настапат сами на овие избори. Се покажа дека тоа беше погрешна проценка“ – кажа Владо Бучковски, поранешниот премиер и претседател на СДСМ, во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 во однос на анализата „Каде згреши Заев?“
Овде може да ја погледнете и неговата целосна анализа.