ВИДЕО: Чудо на Евија – пожарот беснеел се до портата на манастирот

Поради пожарот што беснееше во Евија, туристите беа евакуирани од многу места, а вистинската драма се одвиваше пред манастирот Свети Давид, чии монаси одбија да се евакуираат.

Се околу манастирот изгоре – додека тој остана недопрен, засега нема рационално објаснување како се случи ова чудо Божјо, вели Драган Вукиќ, кој живее на тој остров.

Овој туристички водич се нашол во познатата грчка бања Лутра Едипсо, на околу 35 километри од манастирот Свети Давид, кој неодамна беше загрозен.

Тој многу добро ја познава Евија, но и жителите на островот кои му раскажаа што всушност се случува пред и околу манастирот Свети Давид.

Вукиќ вели дека се точни информациите дека монасите не сакале да го напуштат светилиштето, односно не ги послушале барањата на пожарникарите да заминат, и останале во црквата, каде се молеле.

„Тие не сакале да ги остават вредните црковни книги, моштите на Свети Давид Евиски, и гробот на Свети Јаков Каликиски, кој беше архимандрит на манастирот во 1980-тите. Прогласен е за светец, тука по тој повод пред четири години имаше руски, романски и секако грчки патријарши. Не сакаа да го напуштат, бидејќи тоа се претежно постари монаси кои што го познавале, односно кои живееле во манастирот додека Свети Јаков го водеше“, објаснува Вукиќ.

Додава дека природата повторно ги покажала своите чуда, но дека сите на Евија се сигурни дека чудото Божјо се случило токму тој ден.

„Кога пожарот се приближи до манастирот, се случи нешто неверојатно. Тоа може да се види на видеото каде локалните пожарникари го гаснат пожарот. Неверојатно е, гори насекаде околу манастирот, а знаете дека Грците имаат традиција да градат цркви што ги оставиле во наследство на самиот манастир – и ниту една од нив не изгоре. Тоа е нешто неверојатно!“, објаснува Вукиќ.