Свет

ВИДЕО Да се почувствува Титаник: Уникатна изложба на која се влегува со карта за патувањето од 1912 година

ВИДЕО Да се почувствува Титаник: Уникатна изложба на која се влегува со карта за патувањето од 1912 година

111 години по трагедијата во Атлантскиот Океан на „Титаник“, стотина предмети од потонатиот брод се изложени до 10 септември во Париз. Тоа е исто така еден од главните културни настани на крајот на летото во француската престолнина.

Билетот за изложбата е копија од бординг картата со која 2.200 патници се качиле на бродот на 10 април 1912 година.

Името на еден од нив е напишано на задната страна, а неговата приказна е раскажана.

Извонредна елеганција на фини ткаенини, вртоглаво убави фустани – вака изгледаат луксузните првокласни кабини, за кои најбогатите индустријалци пред 111 години платиле еквивалент на денешни близу 100 илјади долари.

Слабо се восприема музиката на оркестарот, кој ќе продолжи да свири и откако последниот чамец за спасување ќе го напушти бродот. Моторот и бучавата од турбините не се слушаат овде.

Сепак, тие стануваат заглушувачки покрај кабините од Трета класа. Четири едноставни кревети во гола соба, во која единствениот багаж веројатно беа соништата на емигрантите за нов живот во нов свет, до кој, сепак, нема да стигнат.

Тишината и целосната мистерија опкружуваат недопрени делови од опремата на Титаник и личните предмети на патниците. Прекрасен накит, ситна чанта, скромна карирана јакна, поминати децении на длабочина од околу 4 илјади метри, раскажуваат приказни – љубов, драма, судбина.

Приказни кои засекогаш ќе останат запечатени некаде во океанот како онаа плута од скап шампањ што до ден денес необјасниво останува во шишето.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни