Денеска на необичен начин пристигна Дедо Мраз на градскиот стадион каде се одржуваше новогодишниот базар на кој беа изложени новогодишните изработки на дечињата во Ресен.
Имено, тој пристигна со голем син балон кој полека слета на стадионот опкружен со снегот кој непрекинато паѓаше минатите три дена.
„Ова големо изненадувањето за сите посетители, возрасни и деца кои имаа можност да се качат и да полетаат во воздух заедно со него и да се сликаат во балонот. Волшебна беше глетката да се види балонот опкружен со насмевки и џагор на дечињата кои добиваа подароци од Дедо Мразот кој ги донесе во балонот“, вели градоначалникот Јован Тозиевски.
