Џоди Мешчук, антиваксер од Колорадо, објавила пред неколку дена на својот Инстаграм профил бизарно видео на кое се види како ги лиже своите прсти, а потоа и рачките на фрижидерите, кеси и останати работи кои и се наште на патот во продавница.
Таа вели дека тоа го направила за на луѓето да им покаже дека „вирусот не постои“, а додава и дека на сите им е испран мозокот.
Во видеото, таа зборува за тоа како микробите го зајакнуваат имунитетот, помагаат при астма и алергии, и на крајот посочува граѓаните да бидат слободни, и дека љубовта е над стравот.
Набрзо по поставувањето на Инстаграм, видеото е избришано, а за девојката се вели дека се занимава со холистичка медицина, за која напишала и книга со уште пошокантна содржина.
Имено, таа им давала совети на читателите како да ја откажат дијагнозата за аутизмот.
