Либанската зоолошка градина се најде на мета на остри критики поради поставување стаклена кутија која им овозможува на посетителите да влезат во живеалиштето на лавот, односно да го задеваат и изнервираат животното одблизу.
Бранот критики доаѓа откако Зоолошката градина објави видео на кое се гледа како две девојки предизвикуваат лав од другата страна на стаклото.
Како што рекоа од зоолошката градина, кутијата е дел од промоција која нуди „незаборавна средба лице в лице“, пренесува Ladbible.
Групата за заштита на животните ПЕТА беше особено незадоволна од снимката и ги повика луѓето да ја бојкотираат оваа Зоолошка градина.
Луѓето на социјалните мрежи, исто така, изразија гнев поради ваквиот третман на лавовите, нагласувајќи дека животните не треба да се користат на таков стресен начин за привлекување на посетители.
