Топла ракија и закуска. Вака почна првиот ден од 2019 година во скопско Дебар Маало. Жителите не се откажуваат од традицијата која трае со генерации. Според обичајот, во 12 часот се дели погачата, а стариот кум му ја предава „титулата“ кум на новиот избраник, кој ќе треба в година да ја организира прославата.
Некои жители велат дека 1 јануари во Идадија се слави уште од 1928 година.