ВИДЕО: Домашен сок од кајсии, со малку шеќер, без конзерванси, погоден и за бебиња бидејќи е полн со витамини

Рецепт за домашен кашест сок од кајсија кој се подготвува исклучително лесно, а во текот на следните недели ќе имате освежителен и здрав напиток.

Малкумина знаат колку кајсиите се добри за нашето здравје. Со секојдневно консумирање кајсии го чистите организмот од токсини и бактерии, а воедно ќе се заштитите од инфекции и ќе го подобрите имунитетот. Поради високото ниво на витамините А и Е, тој е корисен за очите и видот, а пред се е богат со влакна кои лесно се апсорбираат.

Ова овошје е извор и на витамините А, Е, Б и Ц, како и фосфор, калиум, калциум и магнезиум. Содржи и бета каротен, на што укажува и неговата портокалова боја. Бета каротенот од кајсиите ја штити нашата кожа, особено од изгореници, па затоа е препорачливо да јадете кајсии доколку сакате да се сончате. Ова е и причината зошто многу креми за сончање содржат бета каротен. Затоа овој сок ќе биде идеален за наредните денови!

2 кг. кајсија

400 гр шеќер

1 л вода

ПОДГОТОВКА:

Кајсиите мора да бидат многу зрели. Треба да се измијат, исчистат и да се изматат во блендер или миксер со стапчиња, да се додадат шеќер и вода и да се стават на шпорет да се варат. Отстранете ја пената и оставете да се вари 2-3 мин.

Истурете топло во шишиња со широк врат и цврсто затворете. Ставете ја во рерна на 90 степени 90 мин. Оставете ги шишињата во рерна неколку часа да се изладат, а потоа пакувајте ги на полиците.

Сокот е многу здрав, полн со витамини, а погоден е и за бебиња бидејќи е пастеризиран и не содржи конзерванси.