ВИДЕО: Дознала дека е бремена само 9 дена пред да се породи – на оваа жена и се случило чудо

Во текот на целата бременост, таа никогаш не се посомневала дека е бремена, бидејќи менструацијата и била секогаш нередовна.

Лорен Чалк од Мемфис се борела со полицистични јајници уште од тинејџерска возраст, а бидејќи имала неколку спонтани абортуси, мислела дека никогаш нема да може да има деца.

„Сопругот и јас се помиривме со тоа дека никогаш нема да имаме деца. Верувавме дека така ни е пишано“, вели таа.

Но, потоа се случило чудо. Таа дознала дека носи здраво и живо машко бебе, а тоа го дознала во 38-та недела.

„Никогаш не престанувајте да верувате. Ако ви е судено, ќе станете родители. Не дозволувајте тоа да биде ваша преокупација”, заклучила таа.