Свет

ВИДЕО Драма на аеродромот во Мелбурн: Пилотот на „Етихад Ервејс“ во последен момент го прекина полетувањето

ВИДЕО Драма на аеродромот во Мелбурн: Пилотот на „Етихад Ервејс“ во последен момент го прекина полетувањето

На аеродромот во Мелбурн, Австралија вчера пилотот на авион „Боинг 787-9 Дримлајнер“ на компанијата „Етихад Ервејс“ го прекина полетувањето поради технички проблеми. Авионот, кој требаше да лета од Мелбурн до Абу Даби, достигнал брзина од најмалку 200 километри на час кога пилотот ја активирал итната сопирачка. При ова маневар, два пневматика биле сериозно оштетени, а под авионот се појавил чад. Сите 289 патници останале неповредени.

Еден од патниците изјавил за австралискиот медиум 9News: „Тоа беше најстрашниот момент во мојот живот. Бевме сигурни дека ќе умреме.“ По инцидентот, аеродромот работел со само една писта до утрото, што предизвикало доцнења во летовите. Патниците го пофалиле смиреното и професионално однесување на екипажот.

„Етихад Ервејс“ се извинил на патниците, истакнувајќи дека безбедноста на патниците и екипажот секогаш е на прво место.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни