Свет

ВИДЕО Драма во Амстердам: Недалеку од аеродромот Шипхол, избувна голем пожар

ВИДЕО Драма во Амстердам: Недалеку од аеродромот Шипхол, избувна голем пожар

Недалеку од аеродромот Шипхол во Амстердам, избувна голем пожар, а густ црн чад се издигна над целата област.

Според неофицијални информации од социјалните мрежи, пожарот избувнал во голем магацин, а на местото на настанот биле испратени противпожарни екипи.

На мрежата X беше објавено и видео снимено на аеродромот, на кое авионите на пистата се во преден план, додека во позадина се гледа густ црн чад.

Надлежните служби засега не се огласиле.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни