Македонија

ВИДЕО: Дрогата ја сокрил под хауба – приведено 37-годишно лице во Скопје

ВИДЕО: Дрогата ја сокрил под хауба – приведено 37-годишно лице во Скопје

На 01.04.2022 околу 23.45 часот на ул.„Словенечка“ во Скопје, по претходно добиени сознанија и преземени мерки, полициски службеници од Оддел за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи го лишиле од слобода Р.П.(37) од Скопје. При преглед во неговото возило „фиат браво“ со скопски регистарски ознаки, под хаубата било пронајдено и одземено едно пакување со околу 350 грама марихуна.

Против Р.П. по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни