Македонија

ВИДЕО Дрво падна врз човек и тешко го повреди во центарот на Скопје

ВИДЕО Дрво падна врз човек и тешко го повреди во центарот на Скопје

Силното невреме што попладнево го зафати Скопје предизвика сериозни последици, а има и повреден граѓанин.

На Јужен Булевар паднало дрво врз човек, при што тој се здобил со тешки повреди. Екипите на итната медицинска помош интервенирале на местото и повредениот бил пренесен на лекарски преглед.

Силниот ветер предизвика штети низ повеќе делови од градот – паднати дрвја, оштетени објекти и летечки предмети кои претставуваа опасност за граѓаните.

Надлежните служби се на терен и интервенираат по пријавите за последици од невремето.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни