ВИДЕО Дубаи гори: Ирански ракети го погодија центарот на градот, хотелите горат!

Од Дубаи, една од најпопуларните светски туристички дестинации, пристигнуваат стравични снимки во екот на војната на Блискиот Исток, која започна претходно денеска кога Израел и САД извршија напади врз Иран, по што следуваше одмазда од властите во Техеран.

На социјалните мрежи се појавија снимки од удар на ирански дрон „Шахид 136“ врз хотелот „Палм“ во центарот на Дубаи. Веднаш по ударот избувнал пожар, додека низ градот одекнуваат експлозии.

Според последните информации, најмалку еден хотел бил директно погоден, по што избувнал голем пожар. Островот Палм Џумеира се наоѓа во самиот центар на градот и е дом на голем број луксузни хотели.

Станува збор за архипелаг од вештачки острови во Персискиот Залив, во областа Џумеира во Обединетите Арапски Емирати.

Овој остров има повеќе од 25.000 жители. Островите се создадени со насипување и рекултивација на земјиште. Дизајнирани се да наликуваат на палма кога се гледаат од воздух и грубо се поделени на три дела: стебло, лисја и надворешен полумесечен појас.