На видео-снимка од сигурносна камера поставена во Велико Трново, Република Бугарија, јасно се гледаат две лица како намерно предизвикуваат пожар во шума.
Видео материјалот, кој веќе се шири на социјалните мрежи, е клучен доказ за намерно потпалување, додека пожарникарските екипи и цивилната заштита водат борба со стотици пожари низ целата држава.
Република Бугарија, како и целиот Балкански регион, овие денови се соочува со екстремно високи температури и бројни шумски пожари, од кои дел се претпоставува дека се намерно предизвикани.
-Да се надеваме дека наскоро ќе се појават видео материјали и од некои наши сигурносни камери, велат Пожарникари Струмица на својот фејсбук профил.
