На Преспанзото езеро му се заканува еколошка катастрофа. Денеска беше забележливо дека е повлечено за десетина метри, јавува репортерот на ТВ21 од терен.
Водата се повлекла до толку што создала и мини островчиња. На крајбрежјето има тиња. Водата е повлечена во најпопуларната плажа „Дупени Бич“, но и во Претор.