ВИДЕО Емотивен почеток на настапот на Дино Мерлин: Скршено срце и Кочани на бимот и песната „Да је туга снјег“

Со потсетување на најголемата трагедија во современата историја која се случи во Кочани, Дино Мерлин го започна својот настап во Штип со изведба на хитот „Да је туга снјег“.

Додека стоеше на сцената и чекаше да започнат првите стихови, на видео бимот зад него се појави зборот „Кочани“ со симбол на скршено срце.

Овој момент беше поздравен од публиката со аплауз, а меѓу присутните имаше и солзи.

На настапот во Штип вчера се проценува дека присуствувале над 100.000 посетители.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.