Свет

ВИДЕО: Етна повторно активна, исфрла лава како од фонтана

Вулканот Етна на јужниот италијански остров Сицилија е повторно активен, вистинска фонтана од лавата се спушта на југоисточната страна од вулканот, пренесува агенцијата „Аги“.

На ерупцијата ѝ претходеа неколку експлозии што се слушнаа далеку, од кратерот излегуваше чад, а околните места беа покриени со вулкански пепел.

И покрај густиот чад и пепелот, засега не е прекинат воздушниот сообраќај на аеродромот во Катанија, центарот на Сицилија.

Според Националниот институт за геофизика, изворот на лавата се наоѓа на надморска височина од 3.000 метри.

Во 2011 година вулканот Етна беше ставен на списокот со светско наследство на УНЕСКО.

Ноќно студио

Најнова епизода

Петровска: Побаравме оставка од Филипче, нема разлика во цената за „Леонардо“ | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни