Свет

ВИДЕО: Еве како се проширил земјотресот од Италија – во Хрватска стигнал за 20 секунди

ВИДЕО: Еве како се проширил земјотресот од Италија – во Хрватска стигнал за 20 секунди

Земјотресот што вчера ја погоди Италија беше почувствуван и во Хрватска. Земјотресот бил со јачина од 5,7 степени, а епицентарот бил во морето меѓу Анкона и Римини. Во Хрватска најмногу се почувствувало на брегот, но го пријавиле и луѓето на континентот.

„Денеска, 9 ноември 2022 година, во 7 часот и 7 минути, сеизмографите на Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа многу силен земјотрес со епицентар во морето кај Римини. Магнитудата на земјотресот била 5,7 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот беше почувствуван низ цела Хрватска“, извести Сеизмолошка HR служба.

Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија објави видео од ширењето на вчерашниот земјотрес. На видеото се гледа дека брановите до првите хрватски острови стигнале за приближно 20 секунди.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни