27-годишен Французин по име Нејтан Полин помина преку јаже на висина од 70 метри над познатата река Сена во Париз.
За овој потег, тој беше поздравен со силен аплауз.
Тој беше врзан со сигурносен појас, а полека се движеше по јаже кое беше врзано за Ајфеловата кула и театарот Шело.
Неколку пати мораше да застане за да се одмори и направи пауза.
„Не беше лесно да се оди 600 метри и да се концентрирам со тој притисок и се што се случуваше околу мене. Но, секако беше преубаво“, вели Полион.
