На социјалните мрежи денеска е објавено видео од речиси целосно уништениот автомобил Дачија Логан, кој, како што се наведува, се движел по автопатот кон Нови Сад.
Судејќи по коментарот на следбеник на профилот на Инстаграм moj_beo_grad_, каде што е објавено видеото, автомобилот го управувал постар човек кој излетал од патот и наводно бил во алкохолизирана состојба.ж
View this post on Instagram
– Ова слета во близина на гробиштата околу три часот утринава од правец на Велика Моштаница кон Сремчица. Јас и еден човек со комбе застанавме да му помогнеме и сакавме да повикаме брза помош, но тој не ни дозволи и некако не избрка, рече дека оди дома. Беше мртов пијан, за жал. Видовме дека е добро, дека нема повреда и го продолживме патувањето – напиша корисникот на Инстаграм.