Драматични воздушни снимки од остров во Грција, пожарот е надвор од контрола. Евакуација на населението во тек. Пожарникарите сè уште се борат со пламените јазици за да ги стават под контрола пожарите што избувнаа вчера околу пладне на островот Хиос.
Нешто пред 9 часот утрово, преку системот 112 беше испратена предупредувачка порака за областа Дафнон, додека нешто порано, околу 6 часот, беше наредена евакуација на населението од зоната за одмор до градот Хиос. Набргу потоа, имаше предупредување за евакуација на селото Агиа Параскеви Карион.
Според информациите од Противпожарната служба, силите се распоредени на широко подрачје со неколку жаришта, додека силните ветрови продолжуваат да го отежнуваат гаснењето. Авијациските единици почнаа да фрлаат вода рано утрово, а дополнителни противпожарни сили пристигнаа на островот со ферибот од Пиреја.
Моментално на терен има 190 пожарникари, вклучувајќи 11 пешадиски единици, 38 противпожарни возила, како и четири воздушни средства, кои дополнително ќе бидат засилени во текот на денот.
На Хиос е стациониран и Мобилниот оперативен центар „Олимпос“, додека во операцијата за гаснење учествуваат тенкови и градежни машини на грчката армија и локалната самоуправа.
Од вчера се евакуирани вкупно 17 населени места.
