Свет

ВИДЕО ГОЛЕМА ЕКСПЛОЗИЈА ВО МОСКВА Русите тврдат: Главниот град бил нападнат со дрон, едно лице е повредено

ВИДЕО ГОЛЕМА ЕКСПЛОЗИЈА ВО МОСКВА Русите тврдат: Главниот град бил нападнат со дрон, едно лице е повредено

Руските власти соопштија дека три украински беспилотни летала ја нападнале Москва во раните утрински часови во неделата.

Едно лице е повредено, а сообраќајот е привремено затворен на еден од четирите аеродроми во руската престолнина.

Тоа беше четврти таков обид за напад врз главниот град овој месец и трет оваа недела, што ја зголеми загриженоста за ранливоста на Москва од напади додека руската војна во Украина влегува во својот 18-ти месец.

Додека еден од дронови беше соборен на периферијата на градот, други две паднаа врз канцелариски комплекс.

Чуварот е повреден, јави руската државна новинска агенција Тас, повикувајќи се на служби за вонредни состојби.

„Вечерва нападнаа украински беспилотни летала. Фасадите на две градски канцелариски кули беа малку оштетени“, објави на „Телеграм“ градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни