Македонија

ВИДЕО: Голема гужва и колона на „Деве Баир“ – ако одите на скијање во Бугарија понесете и трпеливост

Викендот после Нова Година традиционално е време за македонските граѓани да заминат на скијање. Но не на Пелистер или Маврово, туку во Бугарија. Гужва и долги колони на граничниот премин „Деве Баир“ за излез од Македонија регистрираше ТВ21.

Според наши информации ваква е сликата и на останатите македонско-бугарски гранични премини.

Македонците се почесто одат на скијање во соседството, а во Битола низ градот се поставени и рекламни билборди за тоа што нуди Банско оваа година.

Внимание за сите кои ќе патуваат кон Бугарија: Нема повеќе вињетка на граница, ќе се купува од дома

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни