На една од јапонските златни медалистки ќе и биде заменет медалот по помалку од една седница по завршувањето на Олимписките игри во Токио.
Ова вчера го објавија организаторите на Токио 2020, а се работи за Миу Гото, членка на јапонскиот шампион во софтбол.
Причината е малку невообичаена.
Имено, градоначалникот на нејзиниот роден град Нагоја, Такаши Кавамура го гризнал нејзиниот медал на настан со цел да прослави.
Иако не го оштетил медалот, сепак предизвика скандал во Јапонија поради непочитување на протоколите на Ковид-19, но и непочитување на наградата на Гото.
Инаку, гризењето на одличјето одамна е вообичаена практика, како симболичен „брз тест за автентичноста на златото“, но тоа обично го прават спортистите освојувачи.
По настанот, Јапонците веднаш го осудија градоначелникот, а со осуда се јавија и јапонскиот автомобилски гигант „Тојота“, кој е спонзор клубиот на Гото – „Тојота Ред териерс“.
„Жално е што не можеше да почувствува восхит и почит кон спортистот. Исклучително жално е што тој не размисли за превенција од зараза“, објави „Тојота“.
Градоначалникот се извини еден ден подоцна, а понуди и плаќање на замената на медалот.
„Ја заборавив мојата позиција како градоначалник на Нагоја и постапив на крајно несоодветен начин Целосно сум свесен дека треба да размислам за тоа“, изјави градоначалникот.
Според наводите, Меѓународниот олимпски комитет најверојатно ќе ги сноси трошоците за новиот медал.
