Летот на „Делта“ бил принуден да се врати назад откако еден патник страдал од дијареа која се проширила „низ авионот“.
Авион кој летал од Атланта за Барселона ја напуштил Џорџија и бил над Вирџинија кога пилотите решиле дека немаат друг избор освен да го напуштат патувањето.
🚨BREAKING🚨
We have official footage from the Barcelona diarrhea plane pic.twitter.com/81e1ZQnKMN
— Barstool Sports (@barstoolsports) September 5, 2023
Некои од патниците кои беа сведоци на инцидентот ја пофалија операцијата за брзо чистење. Со оглед на тоа дека ова е доба на социјалните мрежи, би се претпоставило дека ќе се најде некој кој ќе го сними исходот од инцидентот. Така беше.
Имено, се појави видео на кое се гледа целиот хаос кој останал по ненадејната дијареа која патникот ја имал низ целиот авион.
Откако авионот слетал, бил темелно исчистен. За Шпанија заминал околу 2:30 часот.
„Нашите тимови работеа што е можно побрзо и безбедно за темелно да го исчистат авионот и да ги одведат нашите клиенти до нивната крајна дестинација. Искрено им се извинуваме на нашите клиенти за доцнењето и непријатностите во нивните планови за патување.
