ВИДЕО Хаос во воздухот: Брутална тепачка во лет на „Рајанер“ од Загреб до Малме

Воздушен лет на „Рајанер“ од Загреб кон Малме се претвори во вистински кошмар за патниците, откако непосредно пред слетувањето избувнала жестока тепачка помеѓу двајца мажи, при што биле повредени и други патници.

Видео-снимка од инцидентот, која денеска беше објавена на социјалните мрежи, покажува брутални сцени на насилство – удирања, викање и паника во преполната кабина. Според сведочења, ситуацијата излегла од контрола за неколку секунди.

„Непосредно пред слетувањето, светлата се изгаснаа, а двајца мажи почнаа да се тепаат. Паѓаа врз други патници. Имаше многу деца и жени кои плачеа, луѓето паничеа и се обидуваа да избегаат кон задниот дел на авионот. Имаше крв насекаде“, раскажа еден од патниците за локалните медиуми.

Друг патник опиша: „Лицето на едниот маж беше целосно покриено со крв. Тепачката се случуваше веднаш до мене и мајка ми. Беше застрашувачки – се уште се тресам.“

По слетувањето на аеродромот во Малме, патниците биле итно евакуирани, а на местото пристигнала полицијата, која го истражува инцидентот. Засега не е познато дали има приведени лица.

Полицијата во Шведска потврди дека е покрената истрага, а првичните информации укажуваат дека може да станува збор за насилство предизвикано од личен конфликт меѓу патниците.

Видеото можете да го погледнете ТУКА