Кандидатката за градоначалник на Општина Битола, Габриела Илиевска, на својот Фејсбук профил се обрати со видео порака, прашувајќи: „Кој рече дека жените не можат да возат камион, да водат град и да ги решаваат проблемите во градот?“
Во видеото, Илиевска најави дека тргнува да ја врати Битола и најави средби со граѓани на секоја улица, во секое населено место и во секое мало село, со цел директно да ги слушне и решава проблемите на граѓаните.