Македонија

ВИДЕО: Им избега ќурката, па демонстрантите кои ќе спијат пред Собрание викаа: Врати се Таче!

ВИДЕО: Им избега ќурката, па демонстрантите кои ќе спијат пред Собрание викаа: Врати се Таче!

Заврши протестот пред Собрание каде граѓаните деветти ден порачаа „НЕ“ за францускиот предлог и за ултиматуми.

Демонстрантите поставија шатори пред Собранието на Македонија.

Тие таму ќе преноќат во друштво на ќурка, која вечерва им избега, па мораа да трчаат по неа и да ја довикуваат со „Врати се Таче“ и „Димитар дојди“.

Утре, како што беше најавено вечерва, протестот ќе се одржи во 13.30 часот, пред почетокот на собраниската седница, на која ќе се расправа за Информација за содржината на Предлог преговарачката рамка.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни