Балкан

ВИДЕО: Избркани учениците што малтретираа наставничка во Србија

ВИДЕО: Избркани учениците што малтретираа наставничка во Србија

Советот на наставници во Техничкото училиште од Трстеник, Србија, ги избркал учениците кои се изживуваа врз професорката по англиски јазик Марија Стевановиќ.

Тие својот брутален чин го снимиле, а потоа и го објавиле на социјалните мрежи со цел да се пофалат.

На видеото може да се забележи дека еден од учениците насилници и го повлекува столот на наставничката, при што таа паѓа.

Активот на директори на основните и средните училишта во Трстеник најостро го осуди насилството и побара сторителите на инцидентот да бидат казнети, изразувајќи целосна поддршка за нападнатата професорка по англиски јазик Стевановиќ и вработените во училиштето.

Инцидентот се случи пред една недела, и во него учествувале тројца ученици.

Професорката – жртва на немилиот настан во изјава за српските медиуми посочила дека не била ни свесна за тоа што се случило на часот, како што вели, дури кога дошла дома и синот и го покажал видеото, сфатила што ѝ се случило.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни