Свет

ВИДЕО „ИЗГЛЕДА КАКО ДА ПАДНА БОМБА, СИТЕ ПЛАЧЕМЕ“: Страшна снимка од пожар на Хаваи, дрвја експлодираат од жештината

ВИДЕО „ИЗГЛЕДА КАКО ДА ПАДНА БОМБА, СИТЕ ПЛАЧЕМЕ“: Страшна снимка од пожар на Хаваи, дрвја експлодираат од жештината

ПИЛОТ НА ХЕЛИКОПТЕР Ричард Олстен прелета над област на Хаваите зафатена од пламен и рече дека градот Лахаина изгледа како бомба да паднала врз него.

– Овде летам 52 години и вакво нешто не сум видел. Сите плачевме, другите пилоти, механичарите и јас… Дури и бродовите во пристаништето беа изгорени. Никогаш не помисливме дека ќе доживееме вакво нешто – рече тој.

Шумските пожари продолжуваат да горат низ Мауи, вториот по големина остров на Хаваите, уништувајќи се што им се наоѓа на патот. Акциите за пребарување и спасување се уште се во тек, а повеќе од 11.000 потрошувачи останаа без струја.

Даниел Саливан е фотограф кој живее во Лахаина. Зборувајќи за Би-Би-Си, тој рече дека имале „три различни пожари околу куќата“.

– Поминав 48 часа без сон. Синоќа бев на покривот и ги гледав пламените јазици. Денеска немаме вода – водата се користела за гаснење пожари. Ветрови и пожарите се вратија. Синоќа пламенот беше толку голем и огромни дрвја експлодираа толку блиску што беше страшно. Ја спакувавме колата, но проблем беа паднатите дрвја околу куќата, а патиштата кои беа отворени гореа и не можеше да се помине. Историскиот град Лахаина изгоре до темел. Сите беа дрвени конструкции стари 200 години, изградени рамо до рамо – изјави Саливан.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни