Ноќеска околу 2:30 часот во делчевското село Разловци избувна голем пожар кој зафати семејна куќа и неколку помошни објекти, сопственост на Николчо Гоцевски. За среќа, во пожарот нема повредени лица, но е предизвикана значителна материјална штета.
Жителите на Разловци сведочат дека беспомошно гледале како пламените јазици ја голтаат куќата и објектите. „Гледавме како гори, без помош, без вода, без ништо. Да гледаш со скрстени раце, да сакаш да помогнеш, а да не можеш. Немаме вода во селото“, велат огорчено.
Тие додаваат дека со години се соочуваат со недостиг на вода, особено во летните месеци. „Јули, август и септември нема вода“, нагласуваат жителите, барајќи итно решение за овој горлив проблем кој, како што велат, ја загрозува безбедноста и квалитетот на живот во селото.
Читај и ова:
- 1.ФОТО Пожар во Илинден – огнот се приближува до куќите
- 2.Кривична пријава против самостоен инспектор од СВР Битола – оддавал службени тајни
- 3.Полскиот премиер: Најблиску сме до војна од Втората светска војна
- 4.Руски дрон погоди станбена зграда во Полска, објавија локалните медиуми
- 5.Дневен хороскоп за среда, 10-ти септември 2025 година!