Свет

ВИДЕО Израелците објавија снимки од нападот врз Иран

ВИДЕО Израелците објавија снимки од нападот врз Иран

Израел утрово започна она што го нарече „превентивен удар“ врз Иран, изјави министерот за одбрана Израел Кац, додека низ целиот Израел е прогласена вонредна состојба.

Владата прогласи вонредна состојба поради очекувана иранска одмазда со дронови и балистички проектили.

Во Техеран, главниот град на Иран, се слушнале три експлозии, јавуваат иранските медиуми. Како што наведува „Њујорк тајмс“, САД и Израел заеднички го нападнале Иран.

Израелските одбранбени сили објавија видео кое прикажува напади врз стотици цели во западен Иран.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни