Орце Камчев и Цветан Панделески попладнево по претходна одлука на Апелација, а на барање на СЈО излегоа од притвор.
Како што регистрираше камерата на ТВ21, две полициски возила од истражниот затвор до нивните домови ги преместија обвинетите во случајот „Империја“.
https://www.facebook.com/tv21hd/videos/284950712224071/
Паричната гаранција помогна да се замени притворот во Шутка со подлага мерка – куќен притвор, но со зголемено полициско обезбедување со цел да не го напуштат домот.
За утре се закажани седници и за останатите поднесени жалби против мерката притвор, од Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска и Тодор Мирчевски. Почнуваат во 9.30 часот во Апелациониот суд Скопје.