Силно невреме ја зафати Германија. Во Минхен градскиот железнички сообраќај е целосно парализиран
Невремето започна во ноќта меѓу четвртокот и петокот, а како што пренесува Klix.ba, возовите на S-Bahn во Минхен до дополнително известување биле во прекин на соодветните станици, соопштија надлежните органи.
„Причината е поврзана со временските услови, кои предизвикаа дефекти во целата област на градската железница во Минхен “, се вели во соопштението објавено на Интернет.
Невремето го зафати и кампот во градот Линдау на брегот на езерото Констанца, каде силните ветрови откорнаа неколку дрвја. Три лица се повредени, а состојбата на едното е тешка, соопшти локалната полиција.
Stuttgart heute Abend heftig !#unwetter #downburst #orkan @Kachelmannwettr @sturmwetter1703@WetterOnline pic.twitter.com/bLrcJ9kKMh
— WUD Wetter-Unwetter Deutschland (@WetterSimon) August 24, 2023
Прогласената опасност остана на сила во областа поради временските услови, па локалните власти одлучија да ја евакуираат целата област. Така, околу 900 луѓе нашле привремено засолниште во конгресниот центар во градот Линдау, каде што биле згрижени од спасувачите, додава полицијата.
Водата ги поплави и улиците во градот Фрајбург во покраината Баден-Виртемберг, каде што ветерот корнеше дрвја и оштети далноводи.
Тамошните пожарникари забележале стотици повици за итни случаи.