Свет

ВИДЕО Кина покажа „роботски волци“ на воената парада – што е тоа?

ВИДЕО Кина покажа „роботски волци“ на воената парада – што е тоа?

На воената парада во Пекинг, четириножните роботи што кинеските медиуми ги нарекуваат „роботски волци“ привлекоа внимание. Станува збор за релативно нов и импресивен додаток на кинескиот воен арсенал, пишува Би-Би-Си.

Според извештаите на кинеските државни медиуми, овие уреди се способни за извидување на првата линија, доставување залихи и извршување прецизни удари врз цели. Тие се опремени со камери што овозможуваат попрецизно пукање.

Нивните претходници, познати како „роботски кучиња“, за прв пат беа прикажани минатата година на заедничка воена вежба со Камбоџа. Сепак, подоцна беа преименувани во „волци“ како дел од она што кинеската државна телевизија CCTV го нарече „стратешка трансформација“.

https://twitter.com/DalianHaynes/status/1963064022472810503

Државните медиуми тврдат дека новите „роботски волци“ ја подобриле борбената ефикасност и поголемата способност за удар. Пекинг ги претставува како симбол на напредокот во воените технологии што би можеле да играат важна улога во идните операции.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни