На интернет неодамна стана вирално видео на кое се гледа како три дронови гаснат пожар во катна зграда во кинеската провинција Шанкси.
Видеото за прв пат беше споделено на Твитер од страна на Sharing Travel, страница претежно ориентирана кон Кина, со натпис: „Противпожарната бригада Шанкси пробува нови играчки“.
На него се гледаат три беспилотни летала кои лебдат околу запалената повеќекатна зграда и ја полеваат со вода преку цревото прикачено на секој од дроновите. Иан Бремер, политиколог и претседател на Групацијата Евроазија, го сподели видеото на Twitter, Facebook и Threads.
„Иднината е тука“, им рекол Бремер на своите многубројни следбеници. Некои коментатори беа импресионирани од употребата на технологијата, но други рекоа дека тоа е само шоу и дека таквата употреба на дронови нема многу смисла.
The fire brigade in Shaanxi is trying new toys. Drones with water pipes. 😃😃😃 pic.twitter.com/x2edk24GBN
— Sharing Travel (@TripInChina) July 19, 2023
„Тежината на цревото значително ќе ја ограничи висината на која може да работи таков дрон“
„Погледнете ја личноста на земја за споредба. Ова лесно можеше да се направи од земја или од скала“, вели еден корисник на Твитер.
„Тежината на цревото во голема мера ќе ја ограничи висината на која може да работи таков дрон. Не изгледа многу корисно“, додаде друг.