ВИДЕО: Кортни Кардашијан се врти со босанскиот хит „Хеликоптер“

По големиот хит „Мики Милане“ на Вера Матовиќ, кој воскресна на ТикТок, на оваа социјална мрежа се вртеше уште еден балкански хит, па дури стигна и до домот на Кортни Кардашијан, една од членките на ријалити семејството Кардашијан.

Песната „Хеликоптер, хеликоптер“ во изведба на пејачoт Фазлија од Босна и Херцеговина, објавена во 2016 година, стана апсолутен хит и светски тренд.

Најстарата од семејството Кардашијан Кортни Кардашијан со своето момче Тревис Баркер и ќерката Пенелопе сними видео во кое изведува популарна кореографија.

Таа, нејзината ќерка и вереникот танцуваа на мелодијата на овој народен хит, а потоа Тревис ја прегрна Кортни и двајцата се насмеаа.

„Да ми кажеше некој дека ќе ја видам Кортни Кардашијан како се врти покрај хеликоптер, хеликоптер, немаше да му верувам“, гласи еден домашен коментар на социјалните мрежи.

@pandkourt

♬ Helikopter – Fazlija