Необична приказна доаѓа од Бразил, каде Вилијам Педросо (40) и подготвил роденденски подарок на својата ќерка Џесика, но завршил во солзи.
Таткото купил црвено возило и го паркирал пред куќата. Ја чекал прославата за да ја изненади наследничката, но некој бил побрз.
Безбедносната камера снимила непознат млад човек кој под превезот на ноќта, кога улицата била пуста, ја пробил бравата и го украл автомобилот.
Вилијам сфатил што се случило подоцна.
Неговата сопруга била дома, но не забележала ништо необично пред семејната куќа, пренесува Лакале Блу Радио.
Надлежните утврдиле дека криминалецот тргнал во правец на областа Тибери, каде му се губи секаква трага. Очајниот Вилијам се сомнева дека некогаш ќе биде пронајден.
„Изгубив надеж. Тоа беше посебен подарок за моето дете, а сега не знам како ќе го прославиме нејзиниот роденден“, изјави тој.
Таткото додава дека возилото не е „луксузен предмет“.
„Мојата ќерка живее во Сао Паоло и работи во салон за убавина. Нејзе и треба автомобил“, неутешен е Вилијам.
View this post on Instagram
