ВИДЕО Купил салата, а од таму никнаа рогови: „Какво суштество е ова?“

На социјалната мрежа Х, поранешен Твитер, се појави видео кое привлече големо внимание. Ја прегледале повеќе од девет милиони корисници.

Човекот од видеото на прстот држи необично суштество, а во позадина има салата. Може да се видат и роговите…

„Го најдов ова мало во вреќа салата. Каква работа е ова? Природата е неверојатна“, коментирал човекот.

Доби еден куп коментари.

„Тоа е Покемон“, се пошегуваа некои. Многумина во коментарите напишаа дека се убедени дека се работи за гасеница, поточно за видот Charaxes jasius.

Живее во јужна Европа, источниот Медитеран и северна Африка, а кога од гасеница ќе се претвори во пеперутка, се препознава по два тесни додатоци на краевите на крилјата.